Над 30 здруженија на средба во Велес, се планираат програмите за развој

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На иницијатива на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска во Велес, се одржа работна средба со повеќе од 30 здруженија. Целта на средбата била разгледување на предлог-програмите за субвенционирање за 2025 година. Според Министерството, на дневен ред на средбата биле двете програми: за директни плаќања и  за рурален развој. Во  наредните денови биле планирани и други состаноци со останатите чинители во земјоделскиот сектор.

-„Темата на овој состанок е заедно со земјоделските здруженија да креираме програми коишто ќе значат поттикнување и враќање на земјоделското производство во Република Македонија. Ќе работиме заедно за да донесеме програми што ќе значат развој на македонското земјоделство. Ова што го правиме како активност е отворање на вратите на Министерството во вистинска смисла на зборот, се со цел заеднички и партнерски да работиме во секторот,“ истакнува министерот Трипуновски.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🌳СИТЕ ВО ПРИРОДА на 5 ти април, ви треба само ранец и добро расположение 🌲

Природата се почитува и се сака ако ја запознаваме, се движиме и се грижиме за неа, a на таков начин се грижиме и за нашето здравје. Токму ова е причината што Планинарското Спортско Здружение „Козјак“ – Прилеп со поддршка на Општина Прилеп во соработка со основните и средните училишта организира...

Утре поскапува лебот во Прилеп

Поскапува лебот во Прилеп и во неколку градови низ земјава. Во дел од пекарниците во Прилеп, Штип, Кочани и Битола се очекува повисока цена на одредени видови леб од утре, а некаде веќе имало корекции. Најавите се дека цените на белиот леб од 450 грама, во дел од пекарите ќе...

Филмот „На се’ доаѓа крај“ во киното Мис Стон во Прилеп

Во киното Мис Стон утре, 1 април 2026, среда,од 19.00 часот ќе се прикаже филмот „ НА СЀ ДОAЃА КРАЈ“. Филмот е во копродукција од повеќе филмски продукции од Балканот меѓу кои и Македонија. Сценариото е на Рајко Грлиќ, кој воедно е и режисер и Анте Томиќ. ДИРЕКТОР НА ФОТОГРАФИЈА:...