Се роди првото бебе во 2025 година во Зрновци

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Жителите на Зрновци го дочекаа првото новороденче во 2025 година.

На акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност во Кочани се роди здраво машко бебе, како четврта рожба во семејството на Еми и Моне Ивановски, кои веќе имаат три деца.

Градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев, денеска ги посети новороденчето и мајката во болницата, им врачи цвеќе и подароци  и поддршка за семејството.
-Изразувам огромна благодарност до раководниот и акушерскиот медицински тим при ЈЗУ Општа болница Кочани, за посветеноста и врвниот професионализам, им посакувам успешна и плодна работа за доброто на сите граѓани во тековната 2025
-Традиционално со скромни подароци за мајката и новороденчето од Локалната самоуправа на општина Зрновци им посакавме многу здравје, среќа и безгрижни детски денови.
Изјави за Радио Кочани Градоначалникот Борчо Коцев.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кучињата скитници во Кочани стануваат сè побројни и поагресивни

Проблемот со кучињата скитници во Кочани станува сè посериозен, а граѓаните бараат итна реакција од надлежните институции. Според информации од жители, во изминатиот период зачестени се нападите од кучиња скитници на повеќе локации во градот. Само во последните денови две жени завршиле во болница по напад од кучиња, а претходната недела било нападнато и лице

Панаѓур во Кочани на 16 и 17 мај

Овој викенд, на 16 и 17 мај, на платото кај Градскиот пазар во Кочани ќе се одржи панаѓур со  понуда на облека, обувки и разновидни производи по пристапни цени. Посетителите ќе имаат можност да купат евтина и квалитетна облека за сите возрасти, сезонски артикли, модни додатоци и многу други производи од повеќе продавачи. Панаѓурот ќе

В недела ќе биде осветен манастирот „Св. Димитриј“ во Кочани

Во Кочани, в недела, 17 мај  ќе се одржи свечено осветување на манастирот  „Св. Димитриј“, со почеток во 08:00 часот. Чинот на осветување и Светата архиерејска литургија ќе ги предводи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион заедно со свештенослушителите од кочанското архиерејско намесништво. Од манастирот упатуваат покана до верниците да присуствуваат на овој значаен духовен