Општина Долнени ја отцени “Маѓепсан круг“ како ретко убава и едукативна претстава против трговија со луѓе

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Жителите на Општина Долнени, денеска, имаа можност да ја погледнат претставата “Маѓепсан круг“ во изведба на “Слободно театарче“ при драмската секција на СОУ “Ѓорче Петров„. Претставата се одржа во општинското основно училиште “Али Фетхи Окјар“ -с.Дебреште, а публиката од наставници, ученици, родители и преставници од локалната самоуправа,  оваа “обична“ и навидум сосем “навина“ претстава,  ја оценија како ретко убава, корисна и едукативна,  која темелно влијае на подигање на свеста за борба против трговија со луѓе и спречување на предвремените детски бракови.  Секоја сцена делуваше впечатливо и беше наградена од публика со аплауз, а на крајот од претставата актерите беа опкружени и со публиката, која им честита за нивната беспрекорна изведба. Ова беше одлична можност, на попристапен начин, да се охрабрат жителите од локалната заедницата за да делуваат во препознавање, откривање и алармирање при појавата на принудните детски бракови во нивината заедница.

  

Инаку, претставата сочинува четири одвоени приказни за деца тргувани за принудни бракови и ја идентификува сиромаштијата како основна причина на ова појава.  Таа има за цел подигање на свеста кај локалната заедница за опасностите од трговија со деца за присилни бракови и е веќе емитувана пред пуликата на Општина Прилеп и Општина Крушево.

Театарската престава, на која и преходеше радио драма со истиот наслов “Маѓепсан круг“ е дел од иницијативата на Радио Пела “Промени го мислењето – остани надвор од маѓепсаниот круг ,како дел од поголема иницијатива за подигање на јавната свест за принудните детски бракови.

Иницијативата „Промени го мислењето остани надвор од маѓепсаниот круг е дел од акцијата „Зајакнување на акцијата против трговија со луѓе во Северна Македонија“ е дел од Европската Иницијатива за соработка на Унијата/Советот на Европа „Хоризонтален објект III за Западен Балкан и Турција“.Ставовите изразени во оваа активност на ниту еден начин не може да се сметаат дека го одразуваат официјалното мислење на Европската Унија или на Советот на Европа.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Голем интерес за упис во средно стручно образование во Прилеп

Заврши првиот уписен рок за ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите се пријавуваа електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а денеска и утре, потребната документација се доставува во училиштата каде учениците конкурирале.  Прелиминарно, најголем интерес има за медицинските струки. Радио Пела посети дел од средните стручни училишта...

Ристески: Младите се во фокусот на Оперативниот план за вработување 2026 та

Оперативниот план за вработување за 2026 година обезбедува речиси 40 милиони евра. Околу 6.000 млади ќе бидат опфатени со активни мерки, а повеќе од 10.000 граѓани ќе добијат поддршка. Младите и годинава се во фокусот со поддршка до 10 илјади евра за отворање на сопствени бизниси, можности за здружување и...

Шалтерски работник во прилепската болница од туѓа дебитна картичка украл над 90.000 денари

Шалтерски работник во ЈЗУ Општа болница Прилеп фотографирал дебитна картичка од друго лице и од неа за време од 4 месеци украл над 90 000 денари: