Народниот собир во Истибања уште еднаш ја потврди важноста на зачувувањето на македонската култура и традиција за идните генерации…

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во селото Истибања, општина Виница вчеравечер по втор пат  се одржа народен собир по повод празникот Света Петка.

Многубројни жители и гости од околните општини се собраа во дворот на подрачното училиште „Гоце Делчев“ за да го одбележат овој значаен ден.

Со звуците на традиционална музика и песни, настанот оживеа со духот на македонската култура и обичаи.

Гостите уживаа во богатата програма исполнета со народни песни и фолклорни настапи, создавајќи пријатна атмосфера која го поттикна заедништвото и поврзаноста меѓу луѓето.

Организаторите ја изразија својата благодарност за големата посетеност и за поддршката на локалното население, кое втора година по ред се грижи овој празник да биде празник на радоста и традицијата.

Народниот собир во Истибања уште еднаш ја потврди важноста на зачувувањето на македонската култура и традиција за идните генерации, а доказ за тоа се 260 семејства кои од странство се вратиле за да го прослават празникот.

Текстот е превземен од Радио Кочани. 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Знамето на Ромите на јарболите пред општинската зграда во Кочани

Претрпладнево, на јарболите пред зградата на Општина Кочани беше кренато ромското знаме, симбол на идентитетот, културата и историјата на Ромите ширум светот, со што продолжува одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите. Со овој чин е испратена порака за почитување на различностите и градење инклузивно општество во кое сите граѓани имаат еднакви можности.

“Радио Кочани” ви го честита 8 ми Април – Меѓународниот ден на Ромите!

Почитувани припадници од ромската заедница, наши сограѓани и пријатели, “Радио Кочани” ви го честита 8 ми Април – Меѓународниот ден на Ромите! Вашата културна разновидност, заедништвото и унапредувањето на правата на ромската заедница се од големо значење за сите нас. Честит празник!  

Во СОУ „Ванчо Прќе“ од Виница следната година се отвора туристичко- угостителска струка

Општина Виница информира дека како резултат на потребите и барањата од локалниот бизнис сектор, желбите на учениците и заложбите на СОУ „Ванчо Прке“ – Виница, како и на локалната самоуправа и МОН – од учебната 2026/2027 година во тоа средно училиште ќе се отвори сектор „угостителство и туризам“ со образовен профил „угостителски техничар“. Главни иницијатори