И Општините Зрновци, Чешиново-Облешево и Виница ги потпишаа договорите со Владата за користење на финансиски средства за релизација на проекти

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денес во Владата на Република Македонија, градоначалниците на сите општини од државата ги потпишаа договорите со владините министерства за добивање на финасиски средства од проектот за капитални инвестиции на општините во вкупна вредност од 250 милиони евра.

За Општина Зрновци се предвидени околу 6 милиони денари, при што градоначалникот на Општината, Борчо Коцев рече дека со парите, ќе изврши реконструкција на дел од главен доводен цевковод од водоснабдителен систем на општина Зрновци, како и изградба на Локален пат село Мородвис – Гробишта.

Овие пари, ќе бидат наменети за капитални инвестиции што ќе значи вистинска преродба и обезбедување поквалитетен живот за граѓаните, изјави Коцев.

Миле Петков, градоначалник на Општина Виница посочи дека со потпишаните договори, ќе се работи на дорегулација на Градечка и Виничка река.

-Дорегулацијата на Градечка река ќе биде во должина на 293 метри на мајор коритото и во должина од 693 метри на минор коритото од Градечка река.

Вкупната инвестиција ќе чини 20.271.189 денари, од кои од страна Министерството ќе бидат доделени 19.257.630 денари, а остатокот ќе го обезбеди Општина Виница.

Дорегулација на Виничка река е во должина од 500 метри и партерно уредување на истата во должина од 750 метри. Вкупната инвестиција на овој проект ќе чини 20.655.195 денари, од кои од страна Министерството ќе бидат доделени 19.623.630 денари, а остатокот ќе го обезбеди Општина Виница, истакна Петков.

Исто така, и градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов ги потпиша договорите за реализација на реконструкција на улица „Сремска“ и дел од улица „6“ во село Облешево, како и реконструкција на улица „Маршал Тито“ во селото Чешиново – Фаза 2“.

Општините кои не успеале да ја комплетираат целата документација имаат рок тоа да го сторат до 15 ноември, потсети Мицкоски.

Текстот е превземен од Радио Кочани. 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во СОУ „Ванчо Прќе“ од Виница следната година се отвора туристичко- угостителска струка

Општина Виница информира дека како резултат на потребите и барањата од локалниот бизнис сектор, желбите на учениците и заложбите на СОУ „Ванчо Прке“ – Виница, како и на локалната самоуправа и МОН – од учебната 2026/2027 година во тоа средно училиште ќе се отвори сектор „угостителство и туризам“ со образовен профил „угостителски техничар“. Главни иницијатори

Кочани го одбележува Меѓународниот ден на Ромите

Со низа активности, Општина Кочани во соработка со невладините организации „Авена“, „Анка“ и „Светла иднина“ ќе го одбележи 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.Одбележувањето започнува денеска, 7 април (вторник),  на спортското игралиште во ОУ „Раде Кратовче“, каде што ЗГ „Авена“ организира турнир во мал фудбал со учество на екипи составени од Роми и Македонци.

Во нејзиниот втор дом – Промовирани две книги на Дедова

Во Библиотеката „Искра“ во Кочани денеска беа промовирани две книги од Ана Дедова – „Ѕидот на сеќавањето“, посветена на нејзиниот починат брат, Дејан, и збирката поезија „Моќта на пријателството“. Дедова најчесто пишува за сопствениот живот, за своите чувства и емуции. Нејзините стихови се директен одраз на нејзината реалност, а нејзиното поетско творештво претставува емотивен, автобиографски