Потпишан договорот за реконструкција на дел од булеварот „Тодосија Паунов“ – источен влез во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска во Владата, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот од првата транша финансиски средства во вкупен износ од 250 милиони евра наменети за капитални проекти во општините.

Владата одобри 89 милиони денари за Општина Кочани за реконструкција на дел од булеварот „Тодосија Паунов“ од спојот со улицата „Киро Кикенски“ до почетокот на разделното зеленило кај СОУ „Гошо Викентиев“, во должина од 1.000 метри. Проектот  за уредување на источниот влез во Кочани вклучува и изградба на потпорни ѕидови. Во финансиската конструкција на овој проект Општина Кочани учествува со 3,5 милиони денари сопствени средства.

Согласно првиот повик што го објави Министерството за локална самоуправа Општина Кочани влегува во договорите за 274 проекти во вкупна вредност од околу 4,1 милијарди денари.

На потпишувањето на договорите беше истакнато дека ова е историска најголема инвестиција на централната власт за локалните самоуправи, а јавните повици ќе продолжат сѐ до целосно искористување на предвидените 250 милиони евра.

Текстот е превземен од Радио Кочани. 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Повик за донација на фрески во параклисот „Св. Димитриј“ во Трајаново Трло

  Црковниот одбор при параклисот „Св. Димитриј“ во кочанската населба Трајаново Трло упатува повик до верниците и сите луѓе со добра волја да се вклучат во акцијата за донација на фреска за малиот храм. Го повикуваме верниот народ кој сака да донира фреска за храмот посветен на Свети Димитриј во Трајаново Трло да го контактира

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео од нејзиното последно заминување од дома — момент кој, како што напиша, засекогаш му го променил животот. „Последното затворање на вратата Тоа беше обично затворање на врата… Но за мене – тоа беше последниот здив

„Супорт Кочани“ : Досега собравме и поделивме близу 11 милиони денари

„Супорт Кочани“ денеска објави видео информација за своја втора распределба од заедничката сметка за донации. Од вкупната сума од близу 11 милиони денари, 1 094 493,оо  се отидени за данок на држвата (ПДП) . Останатите средства во еднаков износ и рамноправно се поделени на 137 лица. Секое од нив доби 71  900 денари. Почитувани, транспарентно