ФА „Мугри“ и оркестарот на изворни народни песни и ора го одржаа завршниот концерт

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во Центарот за култура „Бели мугри“ синоќа, се одржа завршниот концерт на Фолклорниот ансамбл  „Мугри“ и оркестарот на изворни народни песни и ора, што работат при установата.

Годинава фолклористите и членовите на ансамблот беа активни во однос на настапи во земјава и странство, при што освоија  бројни награди и признанија.

На вчерашниот концерт настапија повеќе фолклорни групи од државата.

Фолклорниот ансамбл  „Мугри“ се вбројува меѓу првите ансамбли во регионот кој со својата работа ја поврзувал и сеуште ја поврзува историјата и традицијата и чува живи спомени  за македонскиот идентитет.

Како што кажува и  името  на ансамблот своите почетоци ги поврзува со објавувањето на стихозбирката „Бели мугри“ од поетот Кочо Рацин и се непроценлив дел од македонската култура што овозможува и ден денес да го чуваме, негуваме и промовираме идентитетот како наследство – во земјава и во светот.

Текстот е превземен од Радио Кочани. 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Матурско дефиле на СОУ „Љупчо Сантов“

За 134 ученици од двете струки во СОУ „Љупчо Сантов“ вечерва беше означен крајот на учебната година. На прославата по повод матурската вечер, организирано со класните раководители,  матурантите влегуваа во училишната зграда каде што  го одржаа  последниот класен час. Пред заминување на забавата, матурантите продефилираа во дворот на училиштето со своите класни раководители по што

Најавените инфраструктурните зафати се во тек: Јужниот булевар се подготвува за градба, се решаваат децениски комунални и социјални проекти

Со реализацијата на најавените капитални проекти, Општина Кочани става силен акцент врз модернизацијата на патната мрежа и подобрувањето на комуналната инфраструктура, со цел долгорочно да го унапреди квалитетот на живеење на граѓаните и да го поттикне локалниот економски развој. На врвот на приоритетите е почетокот на изградбата на Јужниот булевар, односно влезот во Кочани откај Грдовци,

Изложбата на карикатури од “Ин Виница Веритас” во ЦК “Бели мугри”

Педесетина карикатури од автори од сите страни на светот што беа дел од минатогодишниот фестивал на хуморот и сатира „Ин Виница веритас,  од денеска се пред публиката во Кочани, изложени во салонот „Фоаје 2“ на ЦК „Бели мугри“. Посетителите ќе можат да ги погледнат и најдобрите три карикатури, првонаградената од Олексиј Кустовски од Украина, второнаградената