ДВЕТЕ ГОЛЕМИ МАКЕДОНСКИ ЌЕРКИ ВИ ГО ЧЕСТИТААТ ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими во нејзиниот кабинет истакнатата македонска активистка и единствен одликуван граѓанин со македонско потекло во Холандија госпоѓа Светлана Мишева, почесен претседател на Македонската заедница во Холандија.

На средбата претседателката Сиљановска-Давкова беше запозната со активностите на Заедницата, генезата на македонско-холандските културни врски и уделот на големиот холандски писател А. ден Долард во запознавање на холандската и европската јавност со стремежот на македонскиот народ за независност. Госпоѓа Мишева не можеше да ја сокрие радоста што Македонија доби прва жена претседател и подвлече: – „особено сум горда и изборот на прва жена-претседател во голема мера го поткрепува и оправдува мојот ангажман и работа за македонската кауза кој трае над половина век надвор од Македонија.“

Претседателката Сиљановска-Давкова возврати со честитки до Македонската заедница во Холандија по повод утрешниот празник и им посака на нашинците во Холандија да продолжат со нивните богати и широки активности и да го следат примерот на госпоѓа Мишева, бидејќи колку повеќе одликувани граѓани од македонско потекло во Холандија толку поголем респект за македонскиот народ и државата Македонија.

 

Светлана Мишева е голем промотор на Македонија од својата рана младост како активен член на фолклорниот ансамбл „Орце Николов„ и во 60-тите години на минатиот век настапувала на скоро сите фолклорни фестивали низ целиот свет. Непосредно по земјотресот во 1963 година работела во тимот на јапонскиот архитект Кензо Танге во изградбата на Скопје и на повик на ансамблот „Орце Николов„ повторно заминала на турнеја во Америка, но овојпат во хуманитарни концерти и собирање помош за обнова на македонскиот главен град.

Во Холандија живее од 1971 година и таму помагала на бегалци, сиромашни и болни за чија хуманост, посветеност и грижа е одликувана во 2009 година.

Покажала големи активности и во основање на Македонската заедница и организирање на црковниот живот (македонската православна црковна општина) во Холандија за чиј минат труд, во март оваа година по повод нејзиниот 80 роденден беше овенчана со Наградата за животно дело „Златен Птоломеј„ од име на Македонската заедница како признание за „личност со најдолг стаж за македонската кауза во континуитет во различни области„. Со оваа награда Светлана Мишева воедно стана и почесен претседател (AD TEMPUS VITAE – доживотно)  на Македонската заедница во Холандија.

Фото: служба на Кабинет на Претседателот на Република Македонија 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пошумување во с. Мало Рувци – Ученици од “Кочо Рацин“- Прилеп засадија 2.500 садници

Наставници и ученици од ООУ „Кочо Рацин“ – Прилеп, со помош на ЈП „Национални шуми“, реализираа еко-акција за пошумување на опожарената површина во атарот на село Мало Рувци. Тие засадиија 2.500 садници од црн бор, багрем, јасен и леска, автохтони дрвца и веруваат дека со оваа акција ќе ја разеленат...

(ВИДЕО ) Наумоски : Фудбалската школа Тони – Прилеп годинава прославува 25 години успешна работа

Фудбалската школа Тони – Прилеп оваа година прославува 25 години постоење.По тој повод , во последниот викенд од месец јуни , традиционалниот турнир кој го организираа оваа фудбалска школа ќе се игра на градскиот стадион Гоце Делчев.И тоа со покана за екипи кои ќе пристигнат од Албанија, Хрватска, Бугарија а...

Физички напади- еден напад пред игротека, а друг (малолетно лице) пред училиште

Синоќа (29.04.2025) во 21.45 ч. во ОВР Прилеп Д.Р.(37) од Прилеп пријавил дека во игротека во Прилеп бил физички нападнат од непознато лице. Истиот ден, попладенето (29.04.2025 )во 15.10 часот, во ОВР Прилеп З.С.(46) од Прилеп пријавил пред средно општинско училиште  во Прилеп неговиот малолетен син бил физички нападнат од  А.М....