Општина Кочани – во групата на најотворени единици на локалната самоуправа во државата

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Кочани спаѓа во групата на најотворени единици на локалната самоуправа во државата, според истражувањето што го спроведе Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Истражувањето е засновано врз Индексот на отвореност, а целта е да го утврди степенот до кој се почитуваат начелата на доброто владеење на локалната власт во Македонија. Индексот на отвореност на Општина Кочани е 55 %.

Индексот на отвореност ги оценува перформансите на општините во областа на доброто владеење преку четири начела: транспарентност, свесност, пристапност и интегритет.

Резултатите од истражувањето беа претставени на тематскиот форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“ што се одржа во Скопје, на кој секретарот на Општина Кочани Драган Ананиев говореше за предностите на дигиталната алатка мЗаедница, што Општина Кочани со поддршка од Центарот за социјални иновации ја користи за двонасочна комуникација со граѓаните.

На тематскиот форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“, се дискутираше за добрите практики и предизвиците за потранспарентна локална самоуправа, со цел зголемување на довербата на граѓаните и искоренување на корупцијата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Кочани за првпат се одржа „Детска олимпијада“

На спортските терени во ОУ „Никола Карев“ за првпат се одржа „Детска Олимпијада“ на која учествуваа децата од средните и големите групи од Детска градинка „Павлина Велјанова“. Преку игра, дружење и спортски активности, најмладите се натпреваруваа во повеќе дисциплини како влечење јаже, скокање во вреќа, трчање и други забавни игри. Целиот настан помина во весела

Пуштена во употреба фонтаната ,,Зрно”…

Пуштена во употреба фонтаната ,,Зрно”…