На спортските терени во ОУ „Никола Карев“ за првпат се одржа „Детска Олимпијада“ на која учествуваа децата од средните и големите групи од Детска градинка „Павлина Велјанова“.
Преку игра, дружење и спортски активности, најмладите се натпреваруваа во повеќе дисциплини како влечење јаже, скокање во вреќа, трчање и други забавни игри.
Целиот настан помина во весела атмосфера, исполнета со насмевки, навивање и детска радост.
За учеството и покажаниот спортски дух, на сите им беа доделени медали како спомен од Олимпијадата.
Поддршка од трибините дадоа голем број родители, баби и дедовци, кои со аплаузи ги бодреа учесниците во текот на сите активности
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









