Секое дете има право да се храни здраво

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По повод Светската недела на детето, под слоганот “ Имам право да се хранам здраво“ денеска во посета на третооделенците кај наставниците Кети Стевананџија и Тони Ташкоски, беше Филип Димкоски, агроном, поет и градинар . И, се почна како убава приказна за зеленчукот и ововшјето! 
На двочасовната дружба исткаена со стихови од сихозбирката за деца на Филип „Песни кратки за плодови слатки“ ,  се зборуваше со интересни факти  за важноста, нa зеленчукот и  овошјето, сето надополнето со видео материјали и музичка изведба на учениците.
По дегустирањето на овошна и зеленчукова салата која беше подготвена на часот,  со продукти од Градината на Филип, учениците правеа изработки од пластелин, цртежи и лични поетски творби за ововшјето и зеленчукот.
А, се’ беше така вкусно од „Градината на Филип„ и инспиративно за стихови и пораки , па детските раце посигнуваа по секоје едно парче, пиперка, домат,  јаболко, круша, лимон, тиквичка …,по секое едно парче здравје, што овошјето и зелнчукот го нуди. Задоволството од ваквиот инспиративен час беше заеднички, па сите уживаа во интерактивната настава за здрава храна.
Научивме дека секое дете има право на здрава храна, а најздрава е храната што ќе ја произведеме сами или ќе ја набавиме од локалните производители.„ – истакнаа учениците од трето одделение од  ООУ ,,Кире Гаврилоски – Јане” -Прилеп. 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Апсолутно романтично“ – изложба и промоција на албумите на Чоканче

Ретроспективна изложба на фотографии и слушачка промоција на албумите Чоканче 1&2 и „Апсолутно романтично“ ќе се одржи на 30.01.2026 /петок/ од 18.30 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“. На настанот ќе се презентира развојниот пат од 40 години на групата Чоканче, чие прво појавување e на 12 март 1983...

Синдикатот на протест во Скопје

На протест во Скопје денеска излегува Сојузот на синдикатите на Македонија, бараат покачување на минималната плата од 600 евра, и зголемување по 100 евра за сите останати плати. Под мотото „28-ми јануари е денот кога работниците зборуваат“, уште еднаш ќе се повторат барањата за зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари, преку...

Уапсени тројца прилепчани, од кои двајца пијани возачи

Полицијата во еден ден во Прилеп приведе тројца прилепчани во алкохолизирана состојба, еден за  заради нарушување на јавниот ред и мир и двајца возачи со над 2 промили алкохол во крвта, за кои е поднесена пријава за безобзирно управување со моторно возило: На 28.01.2026 во 01:30 часот на ул. „Цар Самоил“...