Зекрија Мустафоски од Пласница е добитник на скутер од наградната игра на Авто Контрол

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Познат е добитникот на главната награда – Скутер од наградната игра на Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп. Тоа е Зекрија Мустафоски од Пласница кој што ќе биде известен да си подигне вредната награда. Покрај скутер во ретро стил Авто Контрол додели уште 9 награди: 3 ваучери за промена на масло и филтри на возило,  3 награди за хемиско чистење на автомобилот и 3 паметни часовници:

Извлекувањето во живо се одржа во кругот на компанијата во режија на популарниот Цацко од К 15 со по некоја шега и смеа во присуство на вработените, коминтенти и соработници.

Во наградната игра учествуваа сите сопственици кои ги регистрираа возилата во Авто контрол во периодот од 10 ти јули до 30 септември.  Воедно, од компанијата најавија дека по повод 10 годишнината од постоењето ќе биде доделен уште еден скутер повторно за сите клиенти кои ќе ги регистрираат своите возила во период од 1 ви до

Видеото проследете го на следниот линк:

Од името на Авто Контрол Станица за технички преглед за учеството во наградната игра се заблагодари Даниела Перканоска, менаџер и сопственик на компанијата:

461662079_8673734095996535_8376402628169327032_n

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Голем интерес за упис во средно стручно образование во Прилеп

Заврши првиот уписен рок за ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите се пријавуваа електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а денеска и утре, потребната документација се доставува во училиштата каде учениците конкурирале.  Прелиминарно, најголем интерес има за медицинските струки. Радио Пела посети дел од средните стручни училишта...

Ристески: Младите се во фокусот на Оперативниот план за вработување 2026 та

Оперативниот план за вработување за 2026 година обезбедува речиси 40 милиони евра. Околу 6.000 млади ќе бидат опфатени со активни мерки, а повеќе од 10.000 граѓани ќе добијат поддршка. Младите и годинава се во фокусот со поддршка до 10 илјади евра за отворање на сопствени бизниси, можности за здружување и...

Шалтерски работник во прилепската болница од туѓа дебитна картичка украл над 90.000 денари

Шалтерски работник во ЈЗУ Општа болница Прилеп фотографирал дебитна картичка од друго лице и од неа за време од 4 месеци украл над 90 000 денари: