За семејна дружба и забава Витаминка организира Семеен ден за своите вработени

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Овој викенд, Витаминка организира Семеен ден, каде беа присутни повеќе од 500 вработени заедно со нивните семејства од Прилеп, Штип и Скопје. Еднодневниот настан кој се одржа во кругот на компанијата, беше исполнет со забава, спортски активности и дружење и создаде незаборавна атмосфера за сите присутни, истакнувајќи ја посветеноста на Витаминка за одржување на позитивен корпоративен дух и зајакнување на тимската работа.

„Семејниот ден е еден од настаните кои се од најголемо значење за нас, бидејќи ни дава можност да се поврземе на еден посебен начин, не само како колеги, туку и како големо семејство“, велат од компанијата. „Ова е можност за нашите вработени да ги запознаат своите колеги во неформална и пријатна атмосфера, додека нивните деца и семејства уживаат во забавата и активностите“.

Програмата на настанот вклучуваше голем број активности за сите возрасти, од спортски игри до интерактивни работилници за децата, како и музичка програма со Викторија Лоба. Со создавање на можности за релаксација, дружење и тимско градење, Витаминка продолжува да се грижи за добросостојбата на своите вработени и нивните семејства.
Семејниот ден е дел од пошироките напори на компанијата за градење на позитивна работна култура и поттикнување на здрав баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот на своите вработени.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп триумфира против РК Пролет на последниот натпревар од сезоната на домашен терен

Ракометарите на Прилеп на последниот натпревар од Ракометната машка Супер Лига, пред домашната публика, реализира уште една значајна победа против РК “Пролет 62“ со 29:27. Ова беше натпревар исполнет со борбеност, емоции и одлична колективна игра, која накрајот триумфираше и создаде огромна радост кај прилепчани. Прилеп уште во првото полувреме...

Кога Младинскиот центар во Прилеп ќе биде ставен во функција?!

“Прилеп го проби законскиот рок – Младите сè уште го чекаат својот простор“ e насловот на изстражувачката сторија на авторите Марија Ташкоска , активистка на организацијата Младински Совет Прилеп и Анета Шијакова, новинарка која ја реобјавуваме во целост. Во текстот авторите ја обработуваат темата за отворањето на Младински центар во...

(ВИДЕО)Димкоски: Љубовта кон музиката ме исполнува и ме прави среќен!

Љубовта кон музиката го прави среќен и го исполнува, а тој не престанува да твори, односно да се радува за секоја нова создадена композиција или реализиран музички проект. Прилепчанецот Рубин Димкоски, ужива во продуцирањето, во свирењето, во креирањето и создавањето на нови музички дела, во настапите, било тоа да е...