Трипуновски од Кочани: Оваа година ќе имаме богата жетва и зголемен принос на ориз, наш приоритет како Влада е да го заштитиме домашното производство

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска присуствуваше на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ во с. Оризари, општина Кочани.

„Денес се наоѓаме во Оризари, општина Кочани на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, со што започнува и жетвата на оваа култура. Ние како Министерство ја поддржуваме оваа манифестација се со цел да ја продолжиме традицијата и да го афирмираме постоењето на оваа битна житна култура за нас како држава“, истакна министерот Трипуновски.

„Се надевам дека ќе имаме успешна жетва и дека ќе имаме богат род и квалитетен ориз од реколта 2024 година“, посочи Трипуновски.

Во својата се изјава министерот се осврна и на тоа дали домашниот ориз ќе се откупува за стокови резерви при што посочи -„Веќе со заклучок на Влада задолжена е Агенцијата за стокови резерви да ги измени сите правилници, уредби и програми и нормално да се предвидат средства за 2025-та година каде што оризот согласно Законот за стокови резерви ќе се откупува за чување за потребите на државата“.

Тој додаде дека од разговорите со земјоделците првичните информации говорат дека ќе има зголемен род, богата жетва и согласно тоа квалитетот ќе биде добар.

„Првичните информации говорат дека и рандманот ќе е исто така висок, што значи дека ќе имаме богата жетва и ќе имаме зголемен принос на ориз. И квалитетот ќе биде многу подобар од претходните години“, истакна министерот Трипуновски.

„Согласно информациите кои што ги добив од Државниот земјоделски инспекторат во Република Македонија сериозна количина на увозен ориз нема, и онаа количина што е во минимални рамки, морам да кажам дека ја контролираме согласно квалитетот и безбедноста да биде запазена. Меѓутоа она што е наш приоритет како Влада е да работиме и работиме во интерес на земјоделците се со цел да го заштитиме домашното производство“, посочи тој.

Министерот укажа дека останатата количина на ориз од минатата реколта е во многу помала количина. И во разговор со компаниите веќе започнаа да го откупуваат и ланскиот ориз.

„Работиме земјоделците да имаат откупена количина на ориз по рентабилна цена која што ќе значи стимул за наредниот период да се произведува. Ние како Министерство и како Влада ќе го следиме процесот. Нормално ќе го следиме и во делот на откупот од страна на компаниите дали се почитуваат сите законски норми се со цел да нема злоупотреба и манипулација на трудот на земјоделците од овој регион“, нагласи Трипуновски. 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Работник тешко повреден при пад од висина во Кочани

На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина. Поради сериозноста

В понеделник СОУ „Љупчо Сантов“, во вторник СОУ „Гошо Викентиев“: Кочани подготвено за матурските дефилеа и прослави

Кочани на 18 и 19 мај  ќе живее во знакот на матурските свечености и последните средношколски мигови на генерацијата 2026. В понеделник, со почеток во 18 часот и 30 минути, учениците од четврта година од СОУ „Љупчо Сантов“ ќе го одржат последниот класен час, по што ќе следува свечено дефиле низ училиштето. Матурантите ќе влезат

ЦК „Бели мугри“: На 14 мај во 20 часот проекција на “ДИЏЕЈ АХМЕТ”

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани ја најавува проекцијата на филмот„ ДИЏЕЈ АХМЕТ“ за в четврток, 14 мај 2026 година со почеток во 20 часот. Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во  Македонија, наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка