Амфенол – Оглас за Раководител во одржување – во ПЕ Конекус ( ACX )

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Моментално имаме потреба од 1 (ЕДНО) ново вработено лице за работно место

Раководител во одржување – во ПЕ Конекус ( ACX )

Опис на работни задачи и одговорности:

Организација и координација на тимот на одржување
Водење на потребна документација за одржување на опрема и машини
Управување и анализа со КПИ резултати за оддел одржување
Управување и контрола на процес на набавки на резервни делови
Координација при инсталација на опрема и машини и пуштање во работа на истите
Координација со инженеринг одделот при трансфер на производи и процеси
Комуникација со надворешни фирми за набавка или изработка на опрема или алат
Следење на потребните превентивни и корективни акциони мерки
Учество во подобрување и развој на работните процеси во одржување
Изработка и анализа на дневни, неделни и месечни извештаи за работата на одделот Одржување

 

 

Потребни квалификации:

Високо образование – предност од Технички факултети
Работно искуство во одржување ќе се смета за предност
Познавање на работа со компјутер, MS Office
Познавање на Англиски јазик (читање, пишување, зборување)
Одлични комуникациски вештини, технички вештини, работа со алат
Способност за координација и организација на цел тим вработени

 

 

 

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 19.09.2024 год.  по електронски пат на следнава адреса: job@amphenol.mk, или директно во просториите на фабриките. Задолжително ставете назнака:

Раководител во  одржување – Connexus

 

Напомена:

Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Благица Кичен“ го прошири својот бизнис – отворен нов дуќан за готвени јадења во Кочани

Кочани доби ново место каде граѓаните секојдневно ќе можат да купуваат свежо подготвени и вкусни готвени јадења. Познатата кочанчанка и претприемач „Благица Кичен“ го прошири својот бизнис со отворање на нов дуќан за готвени јадења, лоциран на улицата „Тодосија Паунов“, под објектот на Премиум Џим. На свеченото отворање присуствуваа голем број граѓани, пријатели, соработници и

Министерството за култура ќе плати за споменикот за жрвите од „Пулс“, ама велат дека чекаат на Општина Кочани да ја спроведе постапката

Министерството за култура тврди дека чека на Општина Кочани да ја спроведе постапката за подигање на спомен-обележје за 63 жртви од „Пулс“, за да обезбеди дел од средствата за изградба. Ова доаѓа откако Кире Димитриев, татко на загинатиот Диме во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во „Претрес со Ландов“ посочи дека средствата за споменикот

Тажен епилог: По повеќедневна потрага, пронајден починат дедо Јане од Јастребник

По повеќедневната потрага по дедо Јане од селото Јастребник, кој беше пријавен за исчезнат и боледуваше од деменција, денеска пристигна тажната вест дека тој е пронајден починат во планински предел. Во изминатите денови во потрагата беа вклучени припадници на полицијата, членови на Доброволната планинска спасителна служба, ловџии, моторџии и бројни граѓани кои несебично се приклучија