Програма за 33. Издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ 2024

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Годинава, Општина Кочани ќе ја организира 33. по ред манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ која ќе трае од 27 до 29 септември.
Подготвена е богата тридневна програма, со официјално отворање на 27 септември со концерт на македонската поп пејачка Каролина Гочева.
Во сабота, на 28 септември предвидена е целодневна програма во Градскиот парк, почнувајќи од 10:30 часот со изложба и Празнично дефиле, па сѐ до вечерните часови исполнети со многу музика.
Традиционалното зажнејување и вршидба на ориз, заедно со културно-уметничката програма, годинава ќе се одржи во Оризари.
Во продолжение е целосната програма за манифестацијата.
Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Приказна за хуманоста: Како Тоше Проески помогна да се спаси живот од Кочани

На мои осум години, во 2000 година, се соочував со тешка дијагноза, тумор на мозокот, имав една неуспешна операција, а состојбата постојано ми се влошуваше. Како единствен спас моите родители гледаа на операција на клиника во Германија, но беа потребни 50 илјади германски марки. Во тоа време немаше социјални мрежи, па се одржуваа акции по

Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“

Крањ со нова донација за Кочани – камион за КЈП „Водовод“ Комуналното претпријатие од словенечката општина Крањ донираше камион за потребите на КЈП „Водовод“ – Кочани. Возилото претставува значајна поддршка за претпријатието, особено во делот на ефикасен транспорт и ракување со големите контејнери за отпад, со што директно ќе се унапреди одржувањето на јавната хигиена.

На 5 мај изложба на учениците од Училиштето за цртање и сликање на ЦК „Бели мугри“

Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на изложбата насловена „ Портрети“  на учениците од Училиштето за цртање и сликање кое работи во состав на Установата под менторство на Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Отварањето на изложбата е закажано за 05.05.2026  година ( вторник