Хуманост, музика и сеќавање: Кочани оддаде почит на Јорданчо Џамов и 63-те жртви од трагедијата

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со музика, хуманост и силна порака за заедништво, во Паркот на Револуцијата во Кочани се одржа хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и 63-те жртви од трагедијата што длабоко го потресе градот и целата јавност.

Голем број граѓани присуствуваа на настанот, каде што беа организирани модна ревија, хуманитарна продажба на фустани и богата музичка програма. Собраните средства ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, како и за поддршка на семејства од ранливи категории.

Професорката Сања Ристевски истакна дека Јорданчо Џамов како личност оставил неизбришлива трага кај своите професори, соученици и пријатели, а неговата добрина и човечност засекогаш ќе останат во сеќавањата на оние што го познавале.

Во рамки на настанот беа промовирана книгата посветена на прерано починатиот Јорданчо Џамов, како и хуманитарно здружение. Книгата е дело на авторките Ружица Блажева и Натали Ајтовска. Книгата претставува сведоштво за еден краток, но исполнет живот кој оставил силна и трајна трага во срцата на многумина.

Неговата сестра, Розета Блажева, емотивно се обрати пред присутните, нагласувајќи дека е тешко да се пронајдат вистинските зборови за личност каква што бил Јорданчо, но дека неговата љубов, насмевка и добрина продолжуваат да живеат преку спомените на неговите најблиски.

Посебни емоции кај публиката предизвикаа музичките настапи на македонската музичка ѕвезда Каролина Гочева, како и на ОМУ „Ристо Јуруков“ од Кочани, чии изведби дополнително ја збогатија вечерта исполнета со почит, тага и надеж.

Во знак на сеќавање и почит кон жртвите, кон небото беа пуштени 63 балони, симболично оддавајќи почит на секој од згаснатите животи.

Настанот беше организиран од семејството и пријателите на Јорданчо Џамов, кои испратија порака дека споменот, солидарноста и хуманоста треба да продолжат да живеат и во иднина, како потсетник дека љубовта и заедништвото се најсилниот одговор на секоја болка.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Газдите на „Пулс“ се откажаа од тужбата против младите кочанчани кои им го демолираа кафе-барот „Класик“

Основниот суд Кочани донесе Решение со кое ја запира постапката против осуммина млади кочанчани, по приватната кривична тужба на синот на газдата на Пулс, Дејан Јованов Деко, Михаил Јованов, за демолирањето на Класик кафе од 17 март 2025. „Постапувајќи по поднесокот доставен до Основен суд Кочани од страна на приватниот тужител ДПТУ „БИТ ТИМ“ ДООЕЛ

ВО ШАНГАЈ ПОЛНА САЛА И АПЛАУЗИ НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА НА „РУИНИ“ НА ЕЛЕНА ЧЕМЕРСКА ЗА РЕСТАВРАЦИЈАТА НА СПОМЕНИКОТ НА СЛОБОДАТА ВО КОЧАНИ

Со голем аплауз биле поздравени авторите на филмот „Руини“, дебитантскиот долгометражен документарен филм „Руини“ на Елена Чемерска, на светската премиера на 14 јуни на фестивалот во Шангај, соопшти продукцијата на социјалните мрежи. Документарецот на Чемерска е за реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани, монументално дело на татко ѝ Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓеновиќ.

Летната шема е во „Абракадабра“

ЛЕТНА ШЕМА ВО „АБРАКАДАБРА“ Јади и гледај Светско првенство! Сите бургери со поголема плескавица – цена иста. Нови производи: Палачинки – солени и благи Тостови со зденка, маслинки и сувомеснато по избор Тост со плескавица и кашкавал Бабл милк шејкови со голем избор на вкусови Десерти: Вафли Сутлијаш Палачинки Ново летно работно време: од 10:00