Општина Чешиново-Облешево ќе биде домаќи на Илинденските спортски игри, што годинава ќе се одржат по 54. пат.
Пријавувањето на спортските екипи е во тек, а потоа ќе биде организирано и ждребување.
Организацискиот одбор испрати повик до сите месни заедници во Источниот регион да ги известат заинтересираните екипи од нивите места да се пријават за учество на натпреварот.
Организацискиот одбор годинава обезбеди рекордни парични награди награди.
Првопласиранта ќе добие 200.000 денари, за втората екипа обезбеден е износ од 100.000 денари, а ќе биде прогласен и најдобриот играч на натпреварот.
Финалето ќе се одржи на празникот Илинден, 2 август, а организатор на традицоналниот настан е Општина Чешиново-Облешево.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









