Кочани доби ново место каде граѓаните секојдневно ќе можат да купуваат свежо подготвени и вкусни готвени јадења.
Познатата кочанчанка и претприемач „Благица Кичен“ го прошири својот бизнис со отворање на нов дуќан за готвени јадења, лоциран на улицата „Тодосија Паунов“, под објектот на Премиум Џим.
На свеченото отворање присуствуваа голем број граѓани, пријатели, соработници и поддржувачи, кои имаа можност да ги разгледаат новите простории и да се запознаат со понудата.
Новиот објект ќе нуди разновидни домашно подготвени јадења, прилагодени на секојдневните потреби на граѓаните, со акцент на квалитетот, свежината и традиционалниот вкус.
„Благица Кичен“ истакна дека идејата за проширување на бизнисот произлегла од потребата на граѓаните за квалитетни и достапни готвени оброци, изразувајќи благодарност до сите кои ја поддржале во реализацијата на оваа инвестиција.
Со отворањето на новиот дуќан се збогатува гастрономската понуда во градот, а граѓаните добиваат уште едно место каде можат да набават вкусен и свеж оброк за себе и своите семејства.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









