МТФ „Војдан Чернодрински“: Пет награди за претставата „ЦРНИЛА“ на прилепскиот театар

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Познати добитниците на наградите од 60-тиот Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Со најголем број награди, вкупно 5, се закити прилепскиот театар НТ „Војдан Чернодрински“: Награда за костимографија – Марија Пупучевска; Награда за сценографија – Валентин Светозарев; Награда за млада актерка – Сара Спиркоска; Награда за главна машка улога „Кирил Ристоски“ – Димитар Ѓоргиевски и награда за режија – Дејан Пројковски.

Снежана Коневска Руси

Наградите на најдобрите ќе им бидат доделени вечер од 19 часот кога е затворањето на Фестивалот. Во чест на наградените Београдско драмско позориште ќе ја изведе претставата „Црно злато“ по текст на Дејан Дуковски кој годинава на фестивалот беше автор во фокусот.

Жирито на јубилејното 60. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во состав Снежана Коневска – Руси, Дарко Лукиќ и Аида Буквиќ донесе одлука наградите на ова фестивалско издание да припаднат на:

Награда за рекламен материјал – НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
Награда за кореографија и сценски движења – НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
Награда за музика „Филип Стевановски“ – Ирена Поповиќ – Драговиќ за „Страв и Надеж“ на Македонски народен театар
Награда за костимографија – Марија Пупучевска за „Црнила“ на „Народен театар Војдан Чернодрински“ – Прилеп
Награда за сценографија – Валентин Светозарев за „Црнила“ на „Народен театар Војдан Чернодрински“ – Прилеп
Награда за современа сценска драматизација и адаптација – НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
Награда за современ драмски текст – НЕ СЕ ДОДЕЛУВА
Награда за млад актер „Трајко Чоревски“ – Јеткаин Сезаир за улогата во „Амадеус“ на НУ Турски театар
Награда за млада актерка – Сара Спиркоска за улогата во „Црнила“ на „Народен театар Војдан Чернодрински“ – Прилеп
Награда за женска епизодна улога – Билјана Драгичевиќ – Пројковска за улогата во „Мачкина глава“ на Драмски театар.
Награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“ – Александар Степанулески за улогата во „Мачкина глава“ на Драмски театар.
Награда за главна женска улога – Слаѓана Вујошевиќ за улогата во „Амадеус“ на НУ Турски театар
Награда за главна машка улога „Кирил Ристоски“ – Димитар Ѓоргиевски за улогата во „Црнила“ на „Народен театар Војдан Чернодрински“ – Прилеп
Награда за режија – Дејан Пројковски за „Црнила“ на „Народен театар Војдан Чернодрински“ – Прилеп
Награда за уметничко остварување на претстава во целина – „Страв и Надеж“ на Македонски народен театар

Интернационалното жири изборот го направија од претставите: „Мачкина глава на Драмски театар, „Црнила“ на прилепскиот, „Калигула“ на кумановскиот театар, „Челинџ“ на Театарот за деца и младинци, „Случајна смрт на еден анархист“ на штипскиот театар, претставата  Амадеус“ на турски, „Носорози“ на албански театар, „Страв и надеж на МНТ и „Едмонд“ на битолскиот театар.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Започна електронското пријавување за упис во средните училишта

Во Македонија почна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година на располагање се над 25.000 слободни места во 109 јавни средни училишта. Според објавата на Министерството за образование и наука, најмногу слободни места има во стручното образование – повеќе од 17.000. Речиси 6.000...

Две лица починаа, еден е тешко повреден во сообраќајна несреќа на експресниот пат Прилеп–Градско, во близина на клучката за Кавадарци

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила на новиот експресен пат Прилеп – Градско, во близина на клучката за Кавадарци, животот го загубиле две лица, а едно лице е тешко повредено, информираат од Брзата помош во Кавадарци и Територијалната противпожарна единица кои интервенирале на местото на настанот. Во изјава за...

В недела ќе се случи „Prilep run” со околу 300 учесници!

В недела, на 14 јуни,  со почеток од 8.00 часот  со почетно место на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп ќе се случи хуманитарната трка „Прилеп рун” под мотото „Трка со срце“. Пријавите беа отворени до 7 јуни, а на патеките долги 5 и 10 километри ќе трчаат околу 300...