Од денеска обука за мотоцикл до 125 кубни сантиметри за возачите со Б категорија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Министерството за внатрешни работи ги заврши сите формално-правни и технички подготовки за спроведување на законските измени со кои се овозможува управување на мотоцикл до 125 кубни сантиметри.

Од денеска, граѓаните ќе можат да посетуваат обука во автошколи кои поседуваат лиценца за категоријата „А1“.

Обуката трае четири часа и опфаќа теми поврзани со безбедното управување, користење заштитна опрема, контрола на мотоциклот и справување со ризици во сообраќајот.

За добивање потврда, кандидатите треба да приложат лекарско уверение и доказ дека немаат забрана за управување со возило од категорија „Б“.

Од МВР потсетуваат дека евентуална забрана за „Б“ категорија автоматски важи и за управување со мотоцикл до 125 кубни сантиметри.

Правото се однесува на лица постари од 23 години кои најмалку пет години поседуваат важечка возачка дозвола од категорија „Б“.

Без завршена обука и издадена потврда, управувањето со ваков мотоцикл не е дозволено.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Промедика Офталмологија“ организира бесплатни очни скрининзи во просториите на Здружението на пензионери – Кочани

По повод Месецот на катарактата, Промедика Офталмологија во соработка со Здружението на пензионери – Кочани организира бесплатни очни скрининзи за граѓаните. Настанот ќе се одржи во просториите на Здружението на пензионери – Кочани, каде тимот на Промедика Офталмологија ќе спроведува скрининг прегледи за рано откривање на катаракта (перде), една од најчестите причини за намален вид

Освежителни коктели, Vergnano кафе и „Густо мио“ сладолед – летото е во Пикадили

Лето, сонце… и време за вистинско уживање!  Без разлика дали е утринско кафе, попладневна пауза или вечерна дружба — Кафе бар Пикадили е вашето место за летно освежување и добра атмосфера. Пријатен амбиент, летна свежина и добро друштво што го прават секој момент посебен. Разладете се со освежителни коктели, омилени алкохолни и безалкохолни пијалаци, италијански

Од денеска започнува првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/27 година

Од денеска, 12 јуни петок започнува првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Според конкурсот објавен од Министерството за образование и наука, електронското пријавување ќе трае од денеска до 15 јуни преку националниот портал за електронски услуги, каде учениците ќе се најавуваат со своите кориснички сметки од