Уште еден оперативен подвиг во современата ортопедија на прилепската болница

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Прилепската болница тимот на ортопедското одделение направи оперативен голем исчекор во третманот на оштетувањата на зглобната ‘рскавица. Станува збор за современа биолошка метода за третман на оштетувања на зглобната ’рскавица, при која се користат сопствени клетки и биолошки материјали од пациентот, со цел поттикнување на регенерацијата на ’рскавицата и подобрување на функцијата на зглобот. Оперативниот зафат AutoCart процедура на колен зглоб беше изведена вчера за првпат во Општата болница со проширена дејност „Борка Талески“  од оперативниот тим го сочинуваа: оператор д-р Кире Јоноски, асистент д-р Миле Милошески и медицинска сестра Жаклина Мидоска.
И со овој зафат Прилепската болница потврди дека континуирано работи на воведување современи методи и подобра здравствена грижа за пациентите од Прилеп и поширокиот регион.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Шумски полицајци нападнати од три лица кај Гостиражни

Од полицискиот билтен информација за физички напад кон припадници на Шумската полиција.

Со претставите „Едмонд“ на Битолски и „Сина сенка“ на „Златен Елец“ се затвора програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“

Со последните претстави во официјалната и во придружната програма, и со панел дискусија денеска ќе се заокружи програмата на јубилејниот 60. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Од 17 часот е панел дискусијата насловена „На работ зад сцената: менталното преживување во театарот“. Вечер од 19 часот во Центарот за...

Учебната година заврши, започнува летниот распуст

Учебната 2025/2026 година денеска официјално заврши за околу 6.000 основци во десетте основни училишта во Прилеп. Заедно со нив, на летен распуст заминуваат и околу 3.000 прилепски средношколци. Матурантите веќе ја завршија наставата на 15 мај, а утре (11 јуни) ги очекува полагање на задолжителниот екстерен испит од државната матура....