Комуналните претпријатија во Виница и Кочани дел од петгодишен проект за модернизација и ефикасност

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Јавните комунални претпријатија во Виница, Кочани и Берово ќе бидат опфатени со нов петгодишен регионален проект насочен кон зајакнување на нивната ефикасност, отпорност и финансиска стабилност. Проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“ е поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација преку Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), со грант од 6,5 милиони швајцарски франци и дополнителна национална поддршка од 0,5 милиони франци. Тој ќе се спроведува во седум општини: Берово, Битола, Кочани, Куманово, Радовиш, Струмица и Виница. Во општините од источниот регион – Виница, Кочани и Берово – проектот ќе се фокусира на модернизација на водоводната и комуналната инфраструктура, намалување на загубите на вода и подобрување на енергетската ефикасност на јавните претпријатија. Дополнително, ќе се воведуваат современи системи за мониторинг и управување, како и решенија за поодржливо користење на ресурсите. Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, истакна дека инвестициите во комуналниот сектор директно значат подобри услуги за граѓаните и поголема отпорност на локалните заедници на климатски промени. Според неа, зајакнувањето на капацитетите на комуналните претпријатија е клучно за одржлив локален развој. Проектот предвидува и институционално јакнење на претпријатијата, подобрување на нивното финансиско работење и воведување европски стандарди во управувањето со водните ресурси. Очекувањата се дека ќе се намалат загубите во системите, ќе се зголеми енергетската ефикасност и ќе се подобри квалитетот на услугите за граѓаните. За општините Виница, Кочани и Берово, ова претставува значаен чекор кон модернизација на локалните комунални системи, што може да придонесе и за поголема атрактивност за нови инвестиции и унапредување на локалниот економски развој.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривична пријава за 37-годишник од Виница по напад врз малолетник о

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н. (37) од Виница поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 април годинава во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник од градот. По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична

SPAR – Вработува продажен персонал во Кочани – Станете дел од најголемото семејство, Мој СПАР, Мој избор !!!

Време е за голем чекор напред! Најголемиот меѓународен синџир маркети СПАР, конечно пристигнува  и вработува во Кочани. Дали си подготвен за нешто навистина големо? Стани дел од нашиот тим и искористи ги гигантските можности за гигантска кариера во СПАР. Нудиме одлична работна атмосфера, сигурни примања и реална шанса за професионален раст. Твојата гигантска иднина почнува

Нова милионска инвестиција во Виница – „ВИНЧИНИ“ отвора нова фабрика вредна 8,5 милиони евра

На 08 јуни (понеделник), во присуство на претседателот на Владата на Македонија,Христијан Мицкоски, министри, претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески и градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, свечено ќе биде пуштена во употреба новата фабрика за производство на вафли на ВИНЧИНИ- инвестиција од 8,5 милиони евра реализирана за само шест месеци. Новата фабрика располага со