Акција за селекција на текстилен отпад во Кочани по повод Светскиот ден на животната средина

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со цел да се подобри јавната свест за значењето на рециклирањето и одговорното управување со отпадот, а по повод 5 Јуни – Светскиот ден на животната средина, во ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во Кочани се реализираше акција за селекција и собирање текстилен отпад.

Во организација на Општина Кочани, ученици, наставници, граѓани и претставници на Здружението „Синтезис“ од Кочани го наполнија контејнерот за текстилен отпад, кој веднаш потоа беше преземан и транспортиран од постапувачот „Екотекс груп“.

Љубица Теодосиева, наставничка во ОУ „Свети Кирил и Методиј“, истакна дека Светскиот ден на животната средина секоја година потсетува на потребата од заеднички активности за зачувување на природата и намалување на негативното влијание врз животната средина, додавајќи дека „Свети Кирил и Методиј“ е училиште коешто е двигател на општествените промени.

Сметам дека имавме успешна акција за собирање текстилен отпад, отпад што за среќа нема да заврши на несоодветни места, туку ќе добие можност повторно да се рециклира и да има нова употреба – рече Даниел Стојанов, раководител на Одделението за комунални работи во Општина Кочани, кој ја истакна добрата соработка со компанијата што постапува со текстилниот отпад и ги повика граѓаните текстилниот отпад да не го мешаат со другите видови отпад.

Кристина Димитрова, од Здружението „Синтезис“ соопшти дека акцијата е дел од поголемиот проект насловен „Ракотворница“, во чии рамки изминативе два месеца во „Етнокуќата“ се реализираше обука за ткаење од материјали од облека и ткаенини коишто повеќе не се употребуваат, а преку процесот добија нова форма и вредност.

Од април оваа година, во Кочани се поставени контејнери за текстилен отпад на 10 локации, во училиштата и во четири објекти на Детската градинка „Павлина Велјанова“.

Надлежните најавија дека наскоро ќе биде поставен контејнер за текстилен отпад на уште една јавна локација во градот.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривична пријава за 37-годишник од Виница по напад врз малолетник о

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н. (37) од Виница поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 април годинава во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник од градот. По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична

SPAR – Вработува продажен персонал во Кочани – Станете дел од најголемото семејство, Мој СПАР, Мој избор !!!

Време е за голем чекор напред! Најголемиот меѓународен синџир маркети СПАР, конечно пристигнува  и вработува во Кочани. Дали си подготвен за нешто навистина големо? Стани дел од нашиот тим и искористи ги гигантските можности за гигантска кариера во СПАР. Нудиме одлична работна атмосфера, сигурни примања и реална шанса за професионален раст. Твојата гигантска иднина почнува

Нова милионска инвестиција во Виница – „ВИНЧИНИ“ отвора нова фабрика вредна 8,5 милиони евра

На 08 јуни (понеделник), во присуство на претседателот на Владата на Македонија,Христијан Мицкоски, министри, претседателот на Стопанска комора, Бранко Азески и градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, свечено ќе биде пуштена во употреба новата фабрика за производство на вафли на ВИНЧИНИ- инвестиција од 8,5 милиони евра реализирана за само шест месеци. Новата фабрика располага со