Вечерва од 18 часот и 30 минути во големата сала од ЦК Марко Цепенков ќе се одржи завршната приредба на прилепските детски градинки. Преку музичка приказна децата од детските градинки „Наша иднина“ ќе го одбележат завршувањето на едно патување исполнето со растење, игра и другарување во градинката.
Во програмата ќе бидат вклучени децата од завршните години во градинките кои од септември ќе бидат првачиња. Манифестацијата како и секоја година предизвикува голем интерес бидејќи е креација од сценски музички настапи, танцување и забава.









