Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на промоцијата на книгата МИЛА И ТАРО на роднокрајната авторка. Александра Младенов. Модератор и рецензент на книгата е Ивана Атанасова.
Книгата е интерактивна сликовница и боенка во која Мила и нејзината желка Таро не водат на волшебно патување низ вежби и движења и е наменета за деца, родители и едукатори.
Промоцијата е закажана за денеска, 3 јуни во 17 часот, во малата сала во Центарот за култура
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









