Прилеп добива уште едно современо катче наменето за најмладите. Во нас. Типски, во непосредна близина на стадионот со вештачка трева, во завршна фаза е изградбата на ново детско игралиште.
Во детското игралиште се предвидени неколку содржини кои би биле корисни и интересни за децата: лулашки, лизгалки, гумена спортска подлога за трчање, клупи за одмор, површина со песок, осветлување и зелени површини, стои во проектната табла.
„Продолжуваме посветено да инвестираме во проекти кои го подобруваат секојдневието на граѓаните, создаваат подобри услови за развој на децата и придонесуваат за уреден, модерен и квалитетен урбан простор“ напиша Дејан Проданоски, градоначалникот на Општина Прилеп на неговарта официјална ФБ страна.
Проектот детско игралиште во нас, Типски чини близу 4 милиони денари и се реализира преку Министерството за спорт, во рамките на повикот за директна помош на општините од Владата на Република Македонија.









