„Спортски игри за млади – Плазма“ ќе се одржат и во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес и Кавадарци, спортскиот караван пристигнува во Прилеп на 3 јуни (среда), со почеток во 10:00 часот на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, градот ќе биде домаќин на зонските натпревари во рамките на проектот „Спортски игри за млади – Плазма“, најголемата спортско-едукативна манифестација за деца и млади.
На спортските терени своите вештини, спортски дух и натпреварувачки способности ќе ги покажат ученици од основните училишта од општините Прилеп, Долнени, Демир Хисар, Кривогаштани и Крушево, кои преку дружење, фер-плеј и тимска игра ќе испратат силна порака за значењето на спортот во правилниот развој на младите генерации.
Дечињата се натпреваруваат 10 атрактивни спортски дисциплини: Coca-Cola Cup – турнир во мал фудбал, пинг-понг, тенис, народна топка и атлетика во рамките на „Денот на спортот“, како и баскет 3×3, ракомет, шах, одбојка и одбојка на песок.
Настанот е во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Сојузот за училишен спорт на Општина Прилеп, а се реализира под покровителство на Општина Прилеп и Министерството за спорт.

Плазма Спортските игри за млади се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, за првпат, во Македонија. Целта е промовирање здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца.

По квалификациските натпревари, следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат на големото меѓународно финале во Сплит (17–22 август), каде што ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Учебната година заврши, започнува летниот распуст

Учебната 2025/2026 година денеска официјално заврши за околу 6.000 основци во десетте основни училишта во Прилеп. Заедно со нив, на летен распуст заминуваат и околу 3.000 прилепски средношколци. Матурантите веќе ја завршија наставата на 15 мај, а утре (11 јуни) ги очекува полагање на задолжителниот екстерен испит од државната матура....

„Авто Контрол“ Прилеп – докажан бренд и ваш сигурен партнер во сообраќајот

Интервју со м-р Даниела Перканоска, генерален менаџер на „Авто Контрол“ од Прилеп, компанија која повеќе од една деценија успешно работи кога станува збор за возила и безбедност во сообраќајот. Располагаат со станица за технички преглед и техничка служба, најсовремен сервис на возила кој им овозможува на клиентите да добијат целосна...

(ФОТО)Витаминка одбележа 70 години како еден од симболите на македонската индустрија

Витаминка АД Прилеп одбележа 70 години од своето постоење, јубилеј што ја потврдува нејзината позиција како една од најуспешните и најпрепознатливи македонски компании и лидер во прехранбената индустрија. По повод годишнината, компанијата организираше посебна прослава за вработените и нивните семејства, со што уште еднаш ја потврди својата посветеност кон луѓето...