Зафат за пофалба, се реновира амфитеатарот во Варош – ако не го чуваме ќе исчезне

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Се заменуваат дрвените штафни на клупите на трибинскиот дел, се чистат и преуредуваат плочките, а се планираат и други зафати за да се создаде простор кој ќе биде живо срце на културните случувања –  вака започна уредувањето на амфитеатарот во Варош, кој деновиве потврди и докажа дека е одлучен урбан простор за оджување манифестации, концерти и настани.

Месецот мај донесе бројни концерти, манифестации и настани кои ја потврдија љубовта на варошани и прилепчани кон културата. А, летово, амфитеатарот е планиран да биде повотрно сцена исполент со музика, уметност и забава.

Сепка, убаво е кога се уредува, обновува, се одржува. Но, најважно во оваа приказна е да се чува  почитува трудот на оние кои работата за убав изглед на овој простор, а граѓаните да придонесуваат кон просторното оджување на амфитеатарот за да не се претвори во неуреден, искрешен и запуштен дел од Варош.

Велат, ако не го чуваме, ќе исчезне! Ако го негуваме, ќе продолжи да живее и да  раскажува приказни за генерациите што доаѓаат. На нас е, што ќе направиме!

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

СЕ СОЗДАВА НОВО МЕСТО ЗА ДЕТСКА ИГРА И ЗАБАВА

Прилеп добива уште едно современо катче наменето за најмладите. Во нас. Типски, во непосредна близина на стадионот со вештачка трева, во завршна фаза е изградбата на ново детско игралиште. Во детското игралиште  се предвидени неколку содржини кои би биле корисни и интересни за децата:   лулашки, лизгалки, гумена спортска подлога за...

„Спортски игри за млади – Плазма“ ќе се одржат и во Прилеп

По успешните настани во Скопје, Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес и Кавадарци, спортскиот караван пристигнува во Прилеп на 3 јуни (среда), со почеток во 10:00 часот на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, градот ќе биде домаќин на зонските натпревари во рамките на проектот „Спортски игри за млади – Плазма“, најголемата...

Советот на Општина Прилеп го донесе Општински енергетски план за 2027 година

На вонредна седница, Советот на општина Прилеп го донесен Општински енергетски план за 2027 година, чија цел е да се намалат трошоците за електрична енергија и да се преземат конкретни и издржани решенија за зголемување на енергетската ефикасност во оппштината. Оваа точка предизвика низа дискусии. Се бараше да се достави...