Советникот Иванов алармира: Кочани може да се соочи со недостиг на вода во пикот на летната сезона, Советниците бараат поинтензивни мерки против предизвикувачите на дивите депонии

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Советот на Општина Кочани на својата 14. седница ја разгледуваше и информацијата за проекцијата на користење на водата за пиење во сезоната пролет-лето 2026 година од градскиот систем за водоснабдување.

Дискусијата меѓу советниците отвори сериозни дилеми околу капацитетот на системот да ги задоволи потребите на граѓаните во текот на претстојните летни месеци.

Според податоците презентирани на седницата, вкупниот капацитет на бунарскиот систем во Кочани изнесува 238 литри во секунда.

Истовремено, податоците покажува дека во првите три месеци од 2026 година, потрошувачката на вода е зголемена за 17,72 проценти во споредба со истиот период лани.

Советникот од СДСМ, Сашко Иванов, предупреди дека доколку продолжи трендот на зголемена потрошувачка, градот би можел да се соочи со сериозен недостиг на вода во текот на летото.

Се плашам дека ќе имаме сериозен недостаток на вода за пиење во летниот период. Минатиот јули потрошувачката изнесувала 212,3 литри во секунда, што е блиску до максималниот капацитет на системот. Ако продолжи растот на потрошувачката од 17,72 проценти, реално е во јули да се достигне потрошувачка од околу 250 литри во секунда, што го надминува расположливиот капацитет. Недостигот најмногу ќе се почувствува во повисоките зони на градот, истакна Иванов.

Дополнителна загриженост предизвикуваат огромните загуби на вода во водоводната мрежа. Според презентираните информации, повеќе од три четвртини од произведената вода не стигнуваат до крајните корисници.

Податоците покажуваат дека во текот на минатата година биле пласирани околу 5,9 милиони кубни метри вода, додека фактурирани биле само околу 1,4 милиони кубни метри.

Овој јаз укажува на сериозни структурни проблеми во водоснабдителниот систем, пред сè поради дотраената инфраструктура, честите дефекти и неконтролираните истекувања.

На оваа тема се осврна и советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Лазо Митев, кој посочи дека проблемот со водоснабдувањето е долгогодишен и бара системски решенија.

Оваа точка е важна за сите нас. Не е целта да се бара вина кај сегашните или претходните раководства. Факт е дека Кочани ја плаќа најскапата вода во државата, а со децении се очекува изградбата на браната Речани. Верувам дека голем дел од загубите се случуваат во потисниот цевковод. Мрежата е застарена, а дел од граѓаните и денес користат вода преку азбестни цевки, рече Митев.

Предлог за поактивен институционален надзор над работењето на комуналното претпријатие даде советникот Иван Мишев од советничката група „Доста беше“.

Тој предложи формирање координативно-надзорно тело составено од претставници на Управниот одбор, администрацијата на КЈП „Водовод“, Општина Кочани и стручни лица, кое ќе ја следи состојбата во претпријатието и ќе работи на идентификација и надминување на проблемите.

На седницата се обрати и раководителот на Секторот за водовод и канализација, Зоранчо Ѓоргиев, кој како главна причина за високите загуби ја посочи староста на водоводната мрежа.

Во моментов градот се снабдува без проблеми со просечно околу 200 литри вода во секунда, при максимален капацитет од 238 литри. Се работи на подготовка за реконструкција на главниот потисен цевковод и набавка на 5.000 нови дигитални водомери со можност за далечинско отчитување. Во системот сè уште има азбестни и ПВЦ цевки стари повеќе од 50 години кои не можат да издржат поголеми притисоци, изјави Ѓоргиев.

Освен за водоснабдувањето, советниците расправаа и за состојбата со дивите депонии во градот и населените места.

Во рамки на оваа точка беше усвоен заклучок со кој се бара воспоставување засилени и континуирани контроли на критичните локации со цел спречување на создавање нови диви депонии и подобрување на состојбата со животната средина.

Информацијата за дивите депонии беше поддржана од 15 советници.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Официјални резултати од турнирот на градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани:

Coca Cola Cup (2011) – Машки: Малешевци (Берово) Coca Cola Cup (2011) – Женски: Шампионки (Кочани) Футсал (2015): Млади Таленти (Берово) Кошарка (Баскет 3х3) Машки: Дрим Тим (Кочани) Женски: Екипа Снова (Кочани) Ракомет Машки: Орели (Облешево) Женски: Голак (Делчево) Одбојка Машки: Одбојкарски бисери (Кочани) Женски: Голак (Делчево) Народна топка Генерација 2015: Багери (М.Каменица) Генерација 2017:

Градежната компанија „Стоименов“ вработува Геометар и Градежен техничар

Стоименов ДООЕЛ има потреба од работници за следните работни позиции:  ГЕОМЕТАР М/Ж – 1 Позиција – Возачка дозвола Б категорија – Работа со комјутер и AutoCad – Работа со GPS и мануелни мерни инструменти  ГРАДЕЖЕН ТЕХНИЧАР – 1 Позиција – Возачка дозвола Б категорија За сите работни позиции платата е по договор, врз основа на

„Малите ѕвезди“ блеснаа на сцената – 203 дечиња од „Павлина Велјанова“ – Незаборавните денови во градинката крунисани со песна, игра и детски насмевки

Под мотото „Малите ѕвезди, големи соништа“, дечињата од големите групи од сите клонови на Детската градинка „Павлина Велјанова“ ја одржаа својата завршна приредба. На сцената во Центар за култура „Бели мугри“ настапија 203 дечиња, кои преку песна, игра и насмевки на свој начин се збогуваа со еден од најубавите периоди од детството. Голема поддршка од