И, на прилепскиот градски саат му се допадна „Серенада за Прилеп“ во изведба на Блага Петреска, Александар и Дац, па почна да ја пее на пладне. Со означување точно 12,оо часот, градскиот саат ја промени својата музичка нумера, во нов музички жанр серенада и ги изненади пријатно прилепските трговци и занаетчии во старта прилепската чаршија, со нова музичка нумера за Прилеп, „Серенада за Прилеп“.
Музиката го преплавува и плоштадот, а убавата, певлива мелодија со прекрасниот глас на Блага Петреска, и гласовните придружби на Дац и Александар, донесе насмевки и кај минувачите и посетителите на градот.
Жителите со радост коментираа дека „времето напладен никогаш не звучело толку убаво“. Саатот, кој со години е симбол на градот, сега доби и улога на “музички амбасадор“ на новата песна за Прилеп, кој го разбуди чуствтото за убавината, минатото и вредностите на градот и неговите жители.
Со оваа промена, градскиот саат не само што го мери времето, туку и го разубавува, претварајќи го секој пладневен момент, во мала пријатан серенадска свеченост.
Нова музичка посвета со песната „Серенада за Прилеп“, создадена од „Витаминка“ по повод 70 години од постоењето на компанијата, во соработка со Блага Петреска, Дац и Александар Митевски е песната, замислена како емотивен подарок за градот под Марковите Кули, со мотиви од прилепската чаршија, тутунот, корзото, каменот и препознатливата градска атмосфера. Во неа Прилеп е претставен не само како географско место, туку како простор на спомени, традиција, локална гордост и генерациска врска со градот.









