„Малите ѕвезди“ блеснаа на сцената – 203 дечиња од „Павлина Велјанова“ – Незаборавните денови во градинката крунисани со песна, игра и детски насмевки

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Под мотото „Малите ѕвезди, големи соништа“, дечињата од големите групи од сите клонови на Детската градинка „Павлина Велјанова“ ја одржаа својата завршна приредба.

На сцената во Центар за култура „Бели мугри“ настапија 203 дечиња, кои преку песна, игра и насмевки на свој начин се збогуваа со еден од најубавите периоди од детството. Голема поддршка од публиката им дадоа нивните родители, роднини и најблиски, кои со гордост ги следеа настапите на идните првачиња.

Од есен, овие мини матуранти ќе седнат во училишните клупи и ќе го започнат своето основно образование.

Директорката Ефтимова им посака многу успех во понатамошното школување, нагласувајќи дека со труд, упорност и знаење ќе израснат во успешни и одговорни граѓани на Македонија.

Со многу аплаузи, емоции и детски насмевки заврши вечерта посветена на најмалите ѕвезди.

За нив ова е крај на едно безгрижно поглавје, но и почеток на ново патување исполнето со знаење, другарства и нови соништа.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Грозданов: Кочани очекува најмалку три електрични автобуси – во тек донаторска акција

На денешната 14. седница на Советот на Општина Кочани, градоначалникот Владко Грозданов информираше дека е во тек донаторска акција преку која се очекува Кочани да добие минимум три електрични автобуси, а можно е да пристигнат и дополнителни комбиња за потребите на локалниот јавен превоз. Како што истакна Грозданов, обврска на локалната самоуправа ќе биде да

„Супорт Кочани“, здружението е активно и по 14 месеци по големата кочанска трагедија

И по 14 месеци од големата кочанска трагедија, здружението „Супорт Кочани“ останува активно и посветено на поддршката на повредените и нивните семејства. Помошта продолжува секојдневно, а канцеларијата „Гнездо“ и понатаму е место каде граѓаните можат да добијат поддршка, информации и неопходна помош. За активностите и функционирањето на здружението разговаравме со Ана Вучева, волонтерка која е

Ноќта помеѓу 31 мај и 1 јуни прво терестичко прскање против комарци

Општина Кочани ги известува граѓаните дека во текот на ноќта помеѓу 31 мај и 1 јуни 2026 година (недела спрема понеделник), во периодот од полноќните часови, ќе се спроведе ПРВАТА фаза од теристичко третирање (дезинсекција) против комарци на подрачјето на Општина Кочани. Третирањето ќе го реализира Центарот за јавно здравје – Скопје, а ќе бидат