„Супорт Кочани“, здружението е активно и по 14 месеци по големата кочанска трагедија

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

И по 14 месеци од големата кочанска трагедија, здружението „Супорт Кочани“ останува активно и посветено на поддршката на повредените и нивните семејства. Помошта продолжува секојдневно, а канцеларијата „Гнездо“ и понатаму е место каде граѓаните можат да добијат поддршка, информации и неопходна помош.

За активностите и функционирањето на здружението разговаравме со Ана Вучева, волонтерка која е дел од „Супорт Кочани“ уште од самиот почеток на неговото формирање. Таа посочи дека иако поминало повеќе од една година од трагичниот настан, потребите на повредените сè уште постојат, а поддршката од волонтерите и хуманите граѓани не смее да запре.

Во моментот на снимањето, просториите на „Гнездо“ ги посетија дел од повредените граѓани, кои подигнаа потребни лекарства и друга помош обезбедена преку здружението. Од разбирливи причини и поради почитување на нивната приватност, тие не сакаа да бидат снимани.

Од „Супорт Кочани“ велат дека ќе продолжат со своите активности и во наредниот период, со цел да им помогнат на сите на кои помошта им е потребна и да покажат дека Кочани не ги заборава своите сограѓани.

Овој продукт е изработен со финансиска поддршка од Европската Унија во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан, локално имплементиран од Фондацијата Метаморфозис. Содржината е единствена одговорност на медиумот и авторот и не ги одразува нужно ставовите, мислењата или вредностите на Европската Унија, Фондацијата Метаморфозис или проектот SMS Facility.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ноќта помеѓу 31 мај и 1 јуни прво терестичко прскање против комарци

Општина Кочани ги известува граѓаните дека во текот на ноќта помеѓу 31 мај и 1 јуни 2026 година (недела спрема понеделник), во периодот од полноќните часови, ќе се спроведе ПРВАТА фаза од теристичко третирање (дезинсекција) против комарци на подрачјето на Општина Кочани. Третирањето ќе го реализира Центарот за јавно здравје – Скопје, а ќе бидат

Јован Манев пред дуелите против БиХ и Турција: Ќе го дадеме максимумот за Македонија

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за двата контролни натпревари против Босна и Херцеговина во Сараево и Турција во Истанбул, а во националниот тим по пауза поради повреда се враќа дефанзивецот Јован Манев. Фудбалерот на Нови Пазар истакнува дека за него претставува чест што повторно е дел од националниот состав и порача дека Македонија ќе оди

Започнува подготовката на техничка документација за главниот доводен цевковод за топла вода на релација Долни Подлог – Кочани

Денеска во Општина Кочани беше одржан состанок по повод потпишувањето на договорот за изработка на техничка документација за главниот доводен цевковод за топла вода на релација Долни Подлог – Кочани, заедно со главниот резервоар. Изработката на техничката документација се реализира во рамките на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ на УНДП, финансиран