Започнува подготовката на техничка документација за главниот доводен цевковод за топла вода на релација Долни Подлог – Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Денеска во Општина Кочани беше одржан состанок по повод потпишувањето на договорот за изработка на техничка документација за главниот доводен цевковод за топла вода на релација Долни Подлог – Кочани, заедно со главниот резервоар.
Изработката на техничката документација се реализира во рамките на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ на УНДП, финансиран од Владата на Шведска, преку Фондот за техничка документација.
Со подготовката на проектната документација ќе се создадат предуслови за понатамошно аплицирање и обезбедување средства за реализација на проектот.
Проектот претставува важен чекор кон подобрување на енергетската сигурност и ефикасност, како и кон намалување на загадувањето на животната средина преку подобро искористување на расположливите геотермални ресурси.
Во рамките на техничката документација ќе се разгледаат и идните потреби на јавните објекти во Кочани, како и можностите за нивно поврзување кон системот за снабдување со топла вода.
На овој начин, проектот ќе обезбеди основа за долгорочно, одржливо и поефикасно користење на енергијата во интерес на граѓаните и јавните институции.
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, истакна дека:
Овој проект е од големо значење за Кочани, бидејќи отвора можност за подобро искористување на геотермалниот потенцијал и за создавање поефикасен и поодржлив систем за снабдување со топла вода. Со подготовката на квалитетна техничка документација правиме важен чекор кон обезбедување средства и реализација на проект кој ќе донесе долгорочни придобивки за јавните објекти, граѓаните и животната средина.
На состанокот учествуваа претставници на Општина Кочани и УНДП, како и претставници од експертскиот тим ангажиран за подготовката на проектот.
Активностите ќе се реализираат во блиска координација со сите засегнати страни, со цел обезбедување квалитетно, технички изводливо и одржливо решение.
Овој инфраструктурен проект претставува значаен чекор кон создавање подобри услови за живот, поголема енергетска ефикасност и почиста животна средина во Општина Кочани.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во МКЦ промовирани три сликовници на Денис Јанкуловски

Во Мултикултурниот центар во Кочани синоќа во организација на Библиотеката „Искра“ промовирани се три сликовнци од авторот Денис Јанкуловски :  „Другарко“, „Другарка“ и „Големиот сон“. Станува збор за изданија на „Прозарт“ од Скопје, во кои во центаротна случувањата се Космонаутко и приказните за другарството. -Поминавме незаборавен ден во Кочани. Таква убава енергија, голема голема посетеност,

Акциите од SPAR важат и во маркетите на Super Kit Go – светски бренд, врвни производи и цени за вистинска заштеда!

Сите акции од SPAR важат и во маркетите на Super Kit Go!Познат квалитет, голем избор и акциски цени што носат вистинска заштеда за целото семејство. SPAR – светски препознатлив бренд со 94-годишна традиција, присутен на 4 континенти и со повеќе од 14.000 продавници ширум светот. Пазарувајте паметно и искористете ги SPAR понудите секој ден.Ве очекуваат

Распоред за Духовденска задушница во Кочани

Од Кочанско архиерејско намесништво информираат дека по повод Духовденската задушница на 29 и 30 мај ќе се одржат молитви за упокоените на Градските гробишта во Кочани, како и литургија за упокоените во Храмот „Св. Вмч. Георгиј“ Кочани. В петок, 29 мај, со почеток од 17:00 часот, свештенството ќе биде распоредено на повеќе локации на старите