На 24.05.2026 во 20:20 часот во с.Годивлје, општина Кривогаштани, полициски службеници од ПО Кривогаштани го лишија од слобода Х.Р.(34) од с.Алданци, крушевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „спарк” со крушевски регистарски ознаки, управувано од Х.Р., при што констатирано било дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола.
Истиот дена (24.05.2026) во 12:20 часот на ул.„Александар Македонски ” во Прилеп , полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.В.(34) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „киа” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.В., при што констатирано било дека го управувал воилото без да поседува возачка дозвола.
На 24.05.2026 во 18:45 часот во с.Крушеани, прилепско, полициски службеници од ПО Кривогаштани го лишија од слобода А.Н.(18) од с.Обршани, општина Кривогаштани. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „југо” со прилепски регистарски ознаки, управувано А.Н., при што констатирано било дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола .









