Мајсторите за живи свирки, дуото актер и композитор, Дац и Александар заедно со македонската дива на народната музика, Блага Петреска, направија нов музички проект кој носи силна емотивна локална приказна посветена на Прилеп и неговиот дух, насловена „Прилепска Серенада„,
Станува збор за прекрасна серенада за Прилеп која говори за град на мајтапот, познат по мирис на тутун, градскиот саат и топлина на прилепчани.
Спотот, кој е снимен на повеќе локации низ градот, места што ја отсликуваат неговата тивка, но силна приказна е одлична промоција за Прилеп, а со гласот на Блага Петреска само се оживуваат муичката слики за Прилеп, испеана со љубов кон својот роден град. Песната е создадена како омаж на градот, неговата историја и луѓето, доловувајќи го оној препознатлив дух на Прилеп – тивок, но силен, искрен и длабоко вкоренет во македонската традиција.
Овој нов македонски хит, инспирирана токму од Прилеп, од живописно приказна под Марковите Кули, со прекрасен спорт, само за една час има над 5000 прегледи на Јутуб каналот. Веќе се најде и на програмата на Радио Пела, кој со воодушевување ќе биде наш редовен хит.
Кој го слушнал се воодушевил, а кој не еве добра можност да го слушне :Нема да останете рамнодушни:









