Синоќа во Прилеп гајдата и кавалот го означија почетокот на 52 издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски”, единствен фестивал во Македонија кој го негува македонскиот изворен фолклор.
Фестивал, го отвори градоначлнико на Прилеп, Дејан Проданоски, кој наласи дека преку пет децениското постоење, фестивалот сам по себе зборува за силата на македонскиот идентитет, за богатството што генерации наназад го вдахнувале во изворната македонска песна и оро.
-Тоа богатство се пренесувало од колено на колено, од татко на син, од дедо на внук, чувајќи го духот на македонското фолклорно творештво и споменот за нашиот Пеце Атанасовски, врвен инструменталист, ненадминат мајстор на гајдата, етнокореограф, педагог и еден од најзначајните собирачи и чувари на македонските народни песни и ора. Секој народ има свое културно богатство и традиција, свој препознатлив белег. Ние како Македонци го имаме овој уникатен фестивал, кој со децении ги чува и негува древните вештини на свирачите на народни инструменти и на исполнителите на изворни народни песни. Во себе тој ги носи највредните атрибути на нашето културно наследство – традицијата, фолклорот, народната носија, обичаите и автентичниот македонски мелос.Токму затоа овој фестивал е значаен и неопходен – рече Проданоски, на отворањето на фестивалот.
Денеска фестивалот се сели во Долнени на Рудија, каде македонската изворна музика преку звукот на народните инструменти ќе ја презентираа над 250 учесници,учесници на фествиалот кои доаѓаат од сите региони на Македонија.
Фестивалот се оддржува со поддршка на Министерството за култура и туризам и општините Прилеп и Долнени.