(ВИДЕО)Димкоски: Љубовта кон музиката ме исполнува и ме прави среќен!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Љубовта кон музиката го прави среќен и го исполнува, а тој не престанува да твори, односно да се радува за секоја нова создадена композиција или реализиран музички проект. Прилепчанецот Рубин Димкоски, ужива во продуцирањето, во свирењето, во креирањето и создавањето на нови музички дела, во настапите, било тоа да е кога настапува во култната македонска група Меморија , или пак во бендот The Four.

Една прекрасна професионална музичка кариера за која, нашиот Рубин зборува со многу епитети во серијалот МУАБЕТИМЕ СО … на #РАДИОШТОСЕГЛЕДА. Разговорот во целост може да го погледнете во видеото подолу.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Фото изложба „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“ за Кривогаштани од објективот на Бојчески

Во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани, в недела 24 мај во 12 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии од Богоја Бојчески под наслов „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“. Настанот ќе биде збогатен со настап на виолинистката Марија Јанчулеска со композиции од Јохан Себастијан Бах и Антонио Лучо Вивалди....

Поетот Филип Димкоски на државна смотра на читањето во Србија

Поетот за деца и за возрасни Филип Димкоски, викендов ќе настапи на Државната смотра на читањето со меѓународно учество „Читателчиња“ („Читалиќи“)  во Алексинац, соседна Србија. Во рамки на манифестацијата Димкоски како единствен автор од Македонија,  ќе земе учество во средбите со деца, заедно со еминетни книжевни имиња од државата домаќин...

Се’ е подготвено за Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“во Прилеп и Долнени

Настаните поврзани со Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ започнаа. Во спомен-куќата во Долнени, се одржува работилница за изучување на народниот мелос, на кој присуствуваат десетина млади ентузијасти, а денеска во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа прес-конференција на која беше најавено годинешново...