Во Мултимедијалниот центар во Кривогаштани, в недела 24 мај во 12 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии од Богоја Бојчески под наслов „Слики кои раскажуваат вистински и искрени приказни“.
Настанот ќе биде збогатен со настап на виолинистката Марија Јанчулеска со композиции од Јохан Себастијан Бах и Антонио Лучо Вивалди.
Како што информираат претставниците од Фото архивот од Кривогаштани изложбата ја сочинуваат 30 тина фотографии од објективот на авторот – фотограф Бојчески кои ги оживуваат овековечените моменти од 60 тите и 70 тите години од минатиот век.
Изложбата ќе биде отворена секој ден од 10.00 до 12.00 часот од понеделник, 25 ти мај до 3 јуни 2026.
Извор: Фото Архив Кривогаштани









