Настаните поврзани со Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ започнаа. Во спомен-куќата во Долнени, се одржува работилница за изучување на народниот мелос, на кој присуствуваат десетина млади ентузијасти, а денеска во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп се одржа прес-конференција на која беше најавено годинешново 52 издание. Фестивалот ќе се одржи на 22 и 23 мај на две локации – во Прилеп и во Долнени. Отворањето на Фестивалот е утре попладне во 18 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“, а в сабота програмата ќе се одржи на Рудина во Долнени со почеток од 18 часот.
Подготвени се и алтернативни сценарија доколку временските услови бидат несоодветни. Во случај на врнежи, првата фестивалска вечер ќе се одржи во киното „Мис Стон“ при ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, додека саботната програма ќе се премести во затворената сала во Долнени.









