Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, најави вработување на нови лица во ТППЕ – Кочани, што претставува дел од предизборните ветувања на локалната власт.
Според законските прописи, потребниот број професионални пожарникари во ТППЕ – Кочани треба да изнесува 32, имајќи предвид дека единицата ги покрива и териториите на општините Зрновци и Чешиново-Облешево.
Според податоците на територијалната противпожарна единица, од почетокот на оваа календарска година заклучно со 20 мај, реализирани се 119 интервенции.
Во текот на минатата година, пожарникарите од ТППЕ – Кочани интервенирале вкупно 315 пати.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









