ТППЕ и ДПД – Кочани денеска го прославуваат Денот на пожарникарите

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во кругот на Територијалната противпожарна единица – Кочани денеска беше одбележан 20 Мај – Денот на пожарникарите, во присуство на пожарникари, доброволци и претставници на локалните самоуправи од регионот.

По повод празникот, ЕВН Македонија донираше четирицикл наменет за интервенции и гасење шумски пожари, со што дополнително ќе се зајакнат капацитетите на кочанските пожарникари.

Традиционалната награда за најдобар пожарникар во 2025 година му беше доделена на Горан Стојанов, кој зад себе има десетгодишно искуство во службата.

За најдобар доброволец беше избран Гоце Василков, кој е дел од самите почетоци на ДПД – Кочани.

Признанијата ги врачи градоначалникот Владко Грозданов.

Според командирот на ТППЕ – Кочани, Драган Апостолов, во текот на 2025 година биле реализирани вкупно 315 интервенции.

Градоначалникот Грозданов им упати благодарност на професионалните и доброволните пожарникари за нивната посветеност, пожртвуваност и професионален однос во заштитата на граѓаните и справувањето со пожарите и другите непогоди.

На свеченоста присуствуваа и градоначалниците на Чешиново-Облешево, Јорданче Костадинов, како и на Зрновци, Ванчо Митев.

Во рамки на одбележувањето, командирот Апостолов додели благодарници и на општествено одговорните компании што ја поддржуваат работата на единицата, меѓу кои ЕВН Македонија и Видео Лотарија на Македонија.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Средба помеѓу првите луѓе на ЈП „Солидарност“ и идните корисници на новиот пазар во Виница

Раководството на ЈП „Солидарност“ од Виница денеска одржаа координативен состанок со продавачите на земјоделски и други производи, како идни корисници на тезгите и другиот продажен простор во новиот градски затворен пазар. На состанокот беа изложени начинот на работа, условите за користење и правилата на однесување во  објектот, кој официјално ќе започне со работа на 03.06.2026

И матурантите од СОУ „Гошо Викентиев“ ја прославија матурската забава

114 матурантите од СОУ „Гошо Викентиев“ го прославија еден од најважните денови од својот живот кога стануваат полнолетни, момент кога го поминуваат прагот помеѓу тинејџерските години и сериозноста. На прославата на матурската вечер, организирано со класните раководители, матурантите продефилираа  во холот на  училишната зграда по што  го одржаа и  последниот класен час. Пред заминување на

ТОП БАЗАР вработува доставувачи…

За  свои потреби, компанијата ТОП БАЗАР вработува доставувачи (дистрибутери) на производи со возачка дозвола од „Б“ и „Ц“ категорија При ангажирањето на лица за наведена работна позиција предност имаат оние што поседуваат возачка дозвола од „Ц“ категорија. Сите потребни информации можат да се добијат на телефон: 075 213 061 или во седиштето на фирмата што