114 матурантите од СОУ „Гошо Викентиев“ го прославија еден од најважните денови од својот живот кога стануваат полнолетни, момент кога го поминуваат прагот помеѓу тинејџерските години и сериозноста.
На прославата на матурската вечер, организирано со класните раководители, матурантите продефилираа во холот на училишната зграда по што го одржаа и последниот класен час.
Пред заминување на забавата, матурантите ги испратија со аплауз голем број на пунлика собрана во дворот на училиштето.
Директорот Владо Сименов за Радио Кочани посочи дека и оваа генерација матуранти остави белег во „Гошо Викентиев“.
Матурантите во дилема каде ќе го продолжат школувањето сите по малку збунети на последниот класен час си ветија понатамошни заеднички дружења, а кажаа дека годините поминати во училишните клупи никогаш нема да ги заборават.
Филип Ангелов, Марко Петров и Дамјан Tренков на свеченоста во холот на училиштето беа прогласени за најдобри практиканти при што од комапнијата „Амфенол“ добија подароци.
Благодарници добија и соработниците кои во изминатите години активно ги поддржувале учениците во практичната настава и образовниот процес,.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









