Средното општинско економско правно трговско училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифосски Питу“ Прилеп утре,среда 20 ти мај ќе одржи два настана: отворен ден и меѓународен форум насловен како „Економиум“. Отворениот ден започнува од 9 часот и е предвиден за промоција на образовните профили кои се на располагање на деветтоодделенците, условите за учење и работа, запознавање со наставниот кадар, образовните програми и можностите за професионален развој во училиштето.
Истиот ден од 11 часот ќе се одржи и Меѓународен форум „Економиум“ под покровителство на Општина Прилеп и градоначалникот Дејан Проданоски, на кој учество ќе земат дискутанти од Македонија и странство на тема: Инвестираме во човечкиот капитал – вештините како најсилна валута на нашите ученици .









