УХМР: Дожд, ветер и невреме до крајот на продолжениот викенд

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Времето утре,среда, променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец со брзина од 50 km/h, соопшти УХМР.

За Прилеп, во текот на денешниот ден врнежливо и постудено, со максимална температура од само 15 степени целзиусови. Утре, среда, и четврток, врнежите ќе престанат и се очекува мирно и пријатно време со максимални температури до 21 степен.

Во четврток во Македонија ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Утре, во петок и за време на викендот ќе има поинтензивни процеси со локален пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и засилен ветер (над 70 km/h), краткотрајно во форма на невреме.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Блага Петреска, добитничка на Наградата за животно дело на Фолк Фест Валандово 2026

Фолк Фест Валандово 2026 со особена чест ја доделува Наградата за животно дело на Блага Петреска, доајен на македонската народна песна и едно од најзначајните женски вокални имиња во поновата историја на нашата музика. Блага Петреска е пејачка која со децении ја носи македонската песна со достоинство, препознатлив глас и...

Поскапуваат бензините и дизелот

Од полноќ повисоки цени на бензините и дизелот, за 2 и 2,5 денари од литар. На денешната редовна седница, Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,84% во однос на одлуката...

Светски куп во прецизно параглајдинг слетување на спортскиот аеродром Мало Коњари

Во организација на ПК „Скај Рајдерс“ – Прилеп, од 21 до 24 мај на спортскиот аеродром во Мало Коњари ќе се одржи Светски куп во прецизно слетување. На овој куп, кој е еден од трите Светски купови, учество ќе земат 70-ина највисоко рангирани натпреварувачи на светската ранг листа, од вкупно...