В сабота, 23 мај, Општина Зрновци и Локалниот младински совет по петти пат ќе го одржат традиционален урбано-ридски крос „Младите трчаат“.
Тркат е во чест и сеќавање на прерано починатиот жител на Зрновци, Васе Ангелов.
Настанот се планира да почне во 10 часот, а еден час претходно е пријавувањето за учество.
Трката ќе стартува од повеќенаменското игралиште „Васе Ангелов“ потоа да се одвива низ локалниот пат кон Мородвис со крајна цел повторно да биде игралиштето.
Целта е да се промовира спортувањето меѓу младите во Зрновци, како и чување на споменот на Васе Ангелов.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









