Педесетина карикатури од автори од сите страни на светот што беа дел од минатогодишниот фестивал на хуморот и сатира „Ин Виница веритас, од денеска се пред публиката во Кочани, изложени во салонот „Фоаје 2“ на ЦК „Бели мугри“.
Посетителите ќе можат да ги погледнат и најдобрите три карикатури, првонаградената од Олексиј Кустовски од Украина, второнаградената од Дарко Дрљевиќ од Црна Гора и третонаградената од Фан Линтао од Кина. Изложена е и карикатурата на Златко Крстевски, наградена од градот домакин на фестивалот – Виница, како најуспешна од доставените од македонски автори.
Изложбата на карикатури од „Ин Виница Веритас“ во ЦК „Бели мугри“ ќе престојува во наредните две недели.
-Темата на изложбата „Кој последен се смее“ обедини 230 карикатуристи од педесетина држави кои испратија 564 свои дела, рече на отворањето на изложбата денеска во Кочани, директорката на ДК „Тошо Арсов“, Александра Давиткова.
Поставката на карикатури од „Ин Виница веритас 2025“ е дел од проектот „ Преземање изложби за 2026 година“, финансиран од Министерството за култура и туризам. ИС/
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









