Во Прилеп повторно се разгорува културната приказна посветена на Крали Марко

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Прилеп повторно се разгорува културната приказна посветена на една од најсилните фигури во народната традиција, Крали Марко. Во рамките на манифестацијата „Денови на Крали Марко“, која секоја година ја организира Општина Прилеп, градот ќе живее во знакот на историјата, легендите и современата уметничка сцена. Во рамките на програмата вечерва е  ЕХО – Фестивалот на планински филм, во 20 часот, кој ќе се одржува во црквата Св.Никола во Варош, а претпладенво, интерактивната работилница и изложба насловена „Балканскиот јунак Крали Марко“, беше  одржана  во Завод и музеј Прилеп со работилницата за ученици „Крали Марко низ детските очи“ во црквата св. Никола во Варош.

Настанот, “Денови на Крали Марко“ има за цел да ја одржи живa врската меѓу легендарниот средновековен јунак и градот кој со векови го носи неговото име и да ја одржи во својата културна меморија. Покрај чествувањето на годишнината од неговото загинување и промоцијата на локалното историско наследство, манифестацијата повторно се отвора и кон современите уметнички изрази.

Посебен интерес предизвикува музичкиот настан закажан за недела, 17 мај 2026 година, кога амфитеатарот во Варош ќе биде сцена за еден од најзначајните македонски бендови, Мизар. Концертот започнува во 20:00 часот и е замислен како јубилејна „best of“ вечер со која групата одбележува 45 години творештво.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Прилепската болница се модернизира со уште два апарати

Во Општата болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп од денеска ставени во функција два нови софистицирани апарати, со кои ќе се подобри дијагностиката во два сегменти: дигитализација на рентен снимањето и кабинет за видео ЕЕГ, во рамките на детското одделение. Новиот дигитален рентген апарат е еден од најсовремените во...

Меморијален хуманитарен турнир во футсал во чест на Бојан Китаноски

Ротаракт клубот Прилеп на 17ти мај (недела), со почеток во 10 часот, во спортската сала од ООУ „Добре Јованоски“ организира меморијален футсал турнир во чест на  Бојан Китаноски, младиот ротарактовец, кој трагично го загуби живот пред неколку години. Меморијалениот футсал турнир е од хуманитарен карактер и се одржува по втор...

ОВР Прилеп: додека соучениците го тепале, еден снимал со телефон

Два физички напади кон малолетници, од кои едниот е врсничко насилство при што настанот бил  снимен со телефон, биле пријавени во ОВР Прилеп: Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот е евидентиран во полицискиот билтен, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил...