Меморијален хуманитарен турнир во футсал во чест на Бојан Китаноски

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ротаракт клубот Прилеп на 17ти мај (недела), со почеток во 10 часот, во спортската сала од ООУ „Добре Јованоски“ организира меморијален футсал турнир во чест на  Бојан Китаноски, младиот ротарактовец, кој трагично го загуби живот пред неколку години.
Меморијалениот футсал турнир е од хуманитарен карактер и се одржува по втор пат.
Пријавувањето е во тек и за екипите котизација од тим (5+1) е 1000ден.
Контакт и пријавување на телефонскиот број 075 416 731.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Прилепската болница се модернизира со уште два апарати

Во Општата болница со проширена дејност „Борка Талески“ Прилеп од денеска ставени во функција два нови софистицирани апарати, со кои ќе се подобри дијагностиката во два сегменти: дигитализација на рентен снимањето и кабинет за видео ЕЕГ, во рамките на детското одделение. Новиот дигитален рентген апарат е еден од најсовремените во...

Во Прилеп повторно се разгорува културната приказна посветена на Крали Марко

Во Прилеп повторно се разгорува културната приказна посветена на една од најсилните фигури во народната традиција, Крали Марко. Во рамките на манифестацијата „Денови на Крали Марко“, која секоја година ја организира Општина Прилеп, градот ќе живее во знакот на историјата, легендите и современата уметничка сцена. Во рамките на програмата вечерва...

ОВР Прилеп: додека соучениците го тепале, еден снимал со телефон

Два физички напади кон малолетници, од кои едниот е врсничко насилство при што настанот бил  снимен со телефон, биле пријавени во ОВР Прилеп: Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот е евидентиран во полицискиот билтен, а надлежните служби преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои се случил...