Општина Кочани започна со поставување видео надзор на локациите каде што најчесто се создаваат диви депонии, со цел да се спречи несовесното фрлање отпад и загадувањето на животната средина.
Една од критичните точки е просторот околу АСНОМ, каде што, особено за време на викендите, повторно се создаваат купишта отпад и покрај тоа што контејнерите се отстранети, а на местото е поставено предупредување за забрана за фрлање отпад.
Градоначалникот Владко Грозданов за Радио Кочани изјави дека преку видео надзорот ќе се идентификуваат несовесните граѓани и најави дека сите прекршители ќе бидат соодветно санкционирани.
Од локалната самоуправа апелираат до граѓаните да покажат поголема одговорност и да придонесат за почиста и поздрава животна средина во Кочани.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.